Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Камбовски се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, се надева дека до крајот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите.

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешната 532. Седница на Судскиот совет, Камбовски посочи дека местото во каде што беше колешката Елизабета Дуковска е место коешто го предлага Судскиот совет, а додека во поглед на судијката, професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, тие немаат никакви ингеренции и таа оди преку Собрание.

– Имавме повеќе одржани работни состаноци во Судскиот совет, имавме различни мислења, и мислам дека сме пред усогласување на тие различни мислења, за да може да го ставиме како точка на дневен ред. Имаше разлики во смисла дали треба повторно да ги прегласуваме истите кандидати, ако се земе предвид пресудата на Управниот суд, дали да се оди директно на нов предлог, а овие да не се земаат предвид, и тука беа различните мислења, изјави Камбовски.

Реклама

Советот, посочи Камбовски е колективно тело и за да го ставаме за точка на дневен ред, мора од прилика ние да сме усогласени.

– Мојата желба беше уште вчера да предложиме, меѓутоа јас не сум сам, ние тука сме колективно тело и мора да имаме најмалку осум гласа за да дадеме предлог, изјави Камбовски.

Во однос на Судскиот совет, со оглед дека на двајца членови сега им истекува мандатот, Камбовски вели дека остануваат 10 и дека имаат кворум за работа.

– Судијата Халиф Зендели заминува во февруари, меѓутоа огласот е во тек, така што, таму нема да имаме празен простор, изјави Камбовски.

Камбовски, исто така, рече дека ги очекуваат и предлозите на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и новиот Закон за Судски совет, кој на многу повисоко ниво дефинира што е истакнат правник, посочувајќи дека ја разбира одлуката на Претседателката, и мисли дека е правична одлука бидејќи тоа е дел и од реформските чекори коишто треба да ги преземеме.

– Законот за Судски совет го очекуваме. Знаете дека тој е реформски закон. Помина на Венецијанската комисија. Јас ја разбирам потполно Претседателката, зашто го чека новиот закон, бидејќи начинот на и критериумите и објаснувањето, што е истакнат правник во овој нов закон, што допрва треба да се донесе, се навистина на едно европски, многу повисоко ниво подигнато од тоа што било претходно. И шансите да дојде член во Судскиот совет којшто не би можеле да го сврстиме како искусен правник, се сведени на минимум, изјави Камбовски.

Прашан до каде се постапките за избор на нови претседатели на судови, Камбовски, рече дека веќе имаат објавено огласи за претседател на Управен суд, за Кривичен Скопје и за Виш управен суд.

– Знаете дека со текот на изборите се беше запрено. Сега сите постапки што ни беа запрени веќе комисиите работат. Имаме објавено оглас за претседател на Управен суд, за Кривичен Скопје, имаме оглас за Виш управен суд. Па сите ми се чини дека се при крај. Дали ќе стигнеме до крајот на оваа година, ако стигнеме, сите тие ќе бидат поминати на седница, изјави Камбовски.