Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Димитров: Македонскиот текстил ја изгуби конкурентската способобност

Македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите од Далечниот Исток. Очекуваме потешка година за овој сектор, е оценката на Ангел Димитров од Организација на работодавачите, а воедно и менаџер на текстилна фабрика во Свети Николе.

Димитров посочува дека странските партнери, поради ниските трошоци, своето производство го имаат префрлено во Бангладеш и други земји во Далечниот Исток, а во нашата земја останаа да ги работат само помалите и брзи налози, односно нарачки.

– Не остана европски бренд што не замина во Виетнам, Бангладеш или Мјанмар. Сите поголеми налози се шијат таму, каде што платата е 150 долари и се многу поевтини од нас, иако продуктивноста на македонските работници е повисока за 30 отсто, но платите им се повисоки за 300 проценти – изјави Димитров.

Реклама

Тој додаде дека е потребна помош од страна на државата за текстилнта индустрија. Свесни се дека државата не може да помогне во делот на субвенционирањето на придонесите на работниците, но како барање до Владата и на Економскиот-социјалниот совет ќе биде презентирано повторно да се врати пазарот на девизи.

– Евентуално би помогнало некое мало решение кога би се пуштил пазарот на девизи во Македонија за ние сами да си ги продаваме девизите, а не банките да ни ги земаат по некој официјален курс, со што заработуваат од продажбата на девизите. Такво решение имаше пред десетина-петнаесет години, не знам зошто се укина – посочи Димитров.

Тој истакна дека и понатаму се бележи пад на бројот на вработени во текстилната и кожарската индустрија, каде што, според неговите процени, останаа да работат приближно 20.000 работници.