Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Димитриевска Кочоска: И проекцијата на ЕБРД покажува дека мерките на СДСМ за надминување на кризата се задоцнети

Гордана Димитриевска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Димитриевска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ зборуваше за четвртиот сет на мерки и потенцираше дека тој пакет на мерки е задоцнет. Имено таа укажа и на проекцијата на ЕБРД каде јасно се гледа дека Република Македонија годинава има најголема корекција на БДП и тоа докажува дека мерките се задоцнети.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ а и јас стојам на ставот дека дефинитивно четвртиот пакет на мерки е задоцнет. Ако се вратиме уште од почетокот, првиот и вториот пакет на мерки беа некаде околу 1.2% од БДП и со тој пакет на мерки се предвидуваше дека ние годинава ќе имаме 3.4% пад на БДП. Тој прв и втор пакет на мерки беа составен дел на ребалансот на буџетот, прво беа мерките па после дојде ребалансот на буџетот кој што исто така уште кога бев технички заменик министер за финансии го зборував тоа дека сме задоцнети со ребалансот на буџетот. Така да тие два пакети на мерки влегоа во тој ребаланс на буџетот, влезе нешто и од третиот пакет на мерки, меѓутоа гледаме дека тој што било планирано, а беше 3.4 % пад на БДП
за годинава не е остварливо. Дека тоа е така говор и фактите односно дека 6.4% имаме пад на БДП во првата половина од годината, до крајот на годината би требало да имаме пад 0.7% во однос на минатата година за да може да го извадиме оној проектиран пад на БДП од 3.4%. За жал она што се случува во последниве денови, а тоа е покрај проекцијата на ММФ, излезе и проекцијата на ЕБРД и во таа проекција јасно е наведено Македонија има корекција на БДП за годинава најголем а тоа е 1.5% надолу од тоа што првично ЕБРД го проектирала . 1% има пад кај Црна Гора, 5 % кај Босна и кај сите останати земји имаат иста проекција за следната година ЕБРД го намалува нашата проекција за 2.5% што јасно кажува дека мерките се навистина задоцнети. Ние можеме да зборуваме дали е тоа така меѓутоа бројките во економијата го потврдуваат тоа, ние не можеме да разговараме на друг начин кога имаме факти, истакна таа.