Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Димитриески: ЗНАМ го менува политичкиот наратив – граѓаните имаат право да знаат што работат нивните избраници

Како нова политичка партија основана врз темелите на Илинден и АСНОМ, Движењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како нова политичка партија основана врз темелите на Илинден и АСНОМ, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги исполнува своите три клучни цели: транспарентност, отчетност и одговорност. Претседателот на партијата, Максим Димитриевски, во своето гостување на една од националните телевизии, истакна дека ЗНАМ ги менува досегашните политички навики во државата, информира партијата во соопштение.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го менува начинот на кој политичките партии комуницираат со граѓаните. По само две години учество во извршната власт, ЗНАМ излегува пред јавноста со конкретен отчет за сработеното. Вкупно 42 функционери на централно ниво поднесоа извештаи за својата работа, кои се јавно достапни. За ЗНАМ, транспарентноста, отчетноста и одговорноста не се декларативни принципи, туку обврска кон граѓаните.

– Не бараме од граѓаните само да ни веруваат. Им покажуваме што сме работеле, што сме направиле и за што сме подготвени да понесеме одговорност, порача претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Реклама

ЗНАМ останува на определбата за нула толеранција кон корупцијата во власта. „Она што го краси ЗНАМ е фактот што ниту еден наш партиски функционер не се огрешил пред законот и дека нема простор за корупција, истакна Димитриевски.

Партијата смета дека довербата во институциите може да се гради само преку јасна политичка и лична одговорност на носителите на функции.

Позицијата на ЗНАМ е јасна: функцијата не е привилегија, туку одговорност.

– Функциите за нас не се најважни. Важна е работата што треба да се заврши и резултатот што треба да го добијат граѓаните, истакна Димитриевски.

Димитриевски посочи дека учеството на ЗНАМ во власта има и политичка функција – обезбедување стабилно и мултиетничко мнозинство, со цел државата да не се враќа во модели на политички уцени и поделби.

ЗНАМ останува на ставот дека процесот на европска интеграција треба да се одвива со јасно дефинирани услови.

– Решението е само едно: условени амандмани за членство во ЕУ – Македонија да стане полноправна членка, а амандманите да се применат дури тогаш, без какви било дополнителни уцени, порача Димитриевски.

ЗНАМ продолжува со теренската презентација на отчетот пред граѓаните. Целиот процес ќе биде заокружен во декември, по повод три години од основањето на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.