Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Димитриеска-Кочоска за Алфа: Препознаени напорите на Владата за фискална консолидација, изразена поддршка добиваме од ММФ и Светска банка

– Напорите за фискална консолидација на новата Влада се препознаени од меѓународните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Напорите за фискална консолидација на новата Влада се препознаени од меѓународните финансиски институции и за тоа даваат поддршка. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од Вашингтон по средбите со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

„На состаноците истакнавме дека фискална консолидација не можеме да направиме преку ноќ и дека за тоа е потреба време. Најважно е дека покажуваме желба којашто може да се види од Фискаланата стратегија којашто е усогласена и предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 4% за 2025 година. Тоа е она што е најважно“, истакна министерката во изјава за ТВ Алфа.

Таа потенцира дека особено радува фактот што на состаноците е забележано дека и таа како министер за финансии и новата Влада максимално вложуваат напори да ги подобрат резултатите на државата и дека максималните напори што ги вложуваат се препознаени од страна на претставниците на меѓународните финансиски институции.

Реклама

Изрази уверување дека престои одлична соработка во наредниот период и вложување напори во водење политика со постепена фискална консолидиција, внимателно трошење на буџетските средства и истовремено преземање мерки за борба со сивата економија.

Министерката за финансии во Вашингтон учествува на Годишните средби на ММФ и СБ, каде што имаше и состаноци со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.