Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Транспарентната и таргетирана државна помош е клуч за конкурентна економија

Да се знае каде одат парите и дали има ефекти врз економијата.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се знае каде одат парите и дали има ефекти врз економијата. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е децидна дека средствата дадени како државна помош треба да се следат каде завршуваат и дали тие потоа имаат резултат, односно придонесуваат за раст. Министерката вели дека бидејќи се уште нема систем, односно се работи на решение кое централизирано ќе ги покажува потрошените пари, треба да зајакнат механизмите за контрола. Таа потенцира дека политиката на Владата се темели на фискална консолидација и забрзан економски раст.

– Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст. Таа опфаќа разни области и значаен обем на средства. Според податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата, во 2023 година државната помош изнесувала 206 милиони евра или речиси 1,5 процент од БДП, а во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52 процент од БДП. Овие износи ја нагласуваат важноста на овој инструмент, но уште повеќе ја потенцираат потребата од високо ниво на транспарентност и отчетност. Економските показатели покажуваат дека поддршката за инвестиции има позитивни ефекти врз економската активност – потенцира министерката.

Во моментов податоците за доделените пари како субвенции , социјална помош, детски додатоци, поддршка за странски инвеститори и слично ги имаат разни надлежни институции и не се достапни на едно централизирано место. Од економскиот институт Фајненс Тинк велат дека убедливо најмногу пари се трошат на земјоделски субвенции. Последните податоци покажуваат дека во 2024 година државната помош достигнала 235,2 милиони евра или 1,52 процент од БДП.

Реклама

Истражувањата покажале дека најдобар систем во Западен Балкан за следење на трошењата на буџетските пари како државна помош има Црна Гора. Најголеми износи се трошеле за време на пандемијата и енергетската криза, по што сумите постепено се намалувале поради закрепнувањето на економиите.