Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Димитриеска Кочоска: Со е-фактура повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија

Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза. 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција рече станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија и е сериозен чекор во борбата против сивата економија.

Новиот електронски систем, посочи министерката, ќе ги замени традиционалните процеси поврзани со обемна употреба на хартија и физички документи.

Реклама

– Со тоа го намалуваме административниот товар и го поедноставуваме работењето на фирмите. Дигитализацијата и ослободувањето од бројни административни обврски ќе им овозможат на компаниите своите ресурси да ги насочат кон клучните аспекти на нивниот развој и раст. Со Е-фактурата ја правиме економијата пофер, потранспарентна и поотворена за инвестиции, а конкуренцијата ја подигнуваме на повисоко ниво. На овој начин обезбедуваме фер услови за работа и основа за одржлив економски раст, кој директно придонесува за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, за државата, Е-фактурата ќе овозможи поефикасна наплата на даноците, заснована на точни и реални податоци, како и поцврста и попрецизна борба против сивата економија, рече Димитриеска Кочоска.

Како што појасни директорката на УЈП Елена Петрова, ќе се тестира АПИ интерфејсот за испраќање е-фактури  – технички мост што ќе ги поврзува бизнис софтверите со платформата за е-фактурирање и ќе овозможува да комуницираат на директен и стандардизиран начин, што значи е-фактурите да се испраќаат и примаат автоматски.

Објавена е целата техничка документација за АПИ интерфејсот, за да можат деловните субјекти да почнат со прилагодување на софтверските решенија и со техничка интеграција. Со ова е овозможено  сите засегнати страни – деловните субјекти и софтверските компании – да почнат и со тестирање на реална размена на податоци со системот е-фактура во контролирана тест околина, што е суштински важен чекор пред продукциската примена на системот, рече Петрова, повикувајќи во пилот фазата да се вклучат активно сите ИТ компании и деловни субјекти

Покрај јавниот повик, УЈП преку своите тимови за поддршка постепено ќе ги контактира и ќе им дава непосредна помош на сите компании од кои се очекува да бидат вклучени во оваа фаза.