Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Системска борба со криминалот и корупцијата за обезбедување сигурност за граѓаните и бизнисот

Конференцијата се организира во рамки на Проектот за поддршка на институциите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конференцијата се организира во рамки на Проектот за поддршка на институциите во земјава за намалување на ризикот од ширење и злоупотреба на мало и лесно оружје, е со цел да се зајакне меѓународната соработка во борбата против оганизираниот и меѓународниот криминал.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се обрати на Конференцијата на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за борба против ширење на мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во ЈИЕ во организација на ОБСЕ, од каде упати порака за системска борба со криминалот и корупцијата.

„Врвен приоритет во програмата на Владата за 2024-2028 година е владеење на правото и борбата против корупцијата, криминалот и нелегалната трговија. Приоритет е да создадеме сигурна средина за живот на граѓаните, сигурна средина за бизнис делување, еднаквост пред законите и во остварување на тој приоритет сме одлучи и со силен фокус преку системска борба со криминалот и корупцијата. Институциите се исправени пред предизвикот и верувам дека со целата професионалност што ја поседуваат ќе одговорат на високо ниво на задачата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска, на отворањето на Конференцијата.

Реклама

Во овој контекст посочи на улогата на Царинската управа, како институција којашто е под ингеренции на Министерството за финансии и која е клучна алка во сузбивањето на криминалот и нелегалната трговија. При тоа посочи на позитивните резултатите во работењето на Царината и во делот на прибирање на приходите и во откривање на случаи на нелегална трговија, како и на  важноста од размена на информации помеѓу институциите.

Конференцијата се организира во рамки на Проектот за поддршка на институциите во земјава за намалување на ризикот од ширење и злоупотреба на мало и лесно оружје, е со цел да се зајакне меѓународната соработка во борбата против оганизираниот и меѓународниот криминал.