Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Димитриеска Кочоска: Пропаднатата Еуростандард банка, вториот ТАТ докажува дека биле вадени банкарски депозити пред пропаѓањето

Излегувањето во јавноста и информациите изнесени од сопственикот на пропадната Еуростандард банката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Излегувањето во јавноста и информациите изнесени од сопственикот на пропадната Еуростандард банката отвораат три крупни дилеми:

Првата, кои се тие субјекти кои пред време знаеле за пропаѓањето на банката со оглед на тоа што самиот сопоственик на банката посведочи дека во последниот период поголеми банкарски депозити биле изнесени од банката. Јавноста е веќе запознаена дека меѓудругото и министерката за финансии на само месец и половина пред пропаѓањето ги извадила и последните депозити од самата банка. Кои се другите субјекти кои ги повлекле самите депозити? Речена на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Втората крупна дилема е дали е направено се за да се спаси банката, со оглед на тоа што сопственикот вели дека за истата биле заинтересирани и странски инвеститори. Третата крупна дилема која ја отвора сопственикот на банката е нејзиниот имот. Дали недвижниот имот станува атрактивен за одредени кругови на власта? Значи пропаднатата Еуростандард банка, вториот ТАТ докажува дека биле вадени банкарски депозити пред пропаѓањето, дека била спречена нејзина продажба и дека нејзиниот имот е атрактивен за одредени кругови на власта. Со овој најнов случај се продолжува праксата на измамени штедачи, пропаднати бизниси и удари врз финансиските текови. Поразителната статистика говори дека над сто илјади сметки се замрзнати. Во моментот толку правни и физички лица не може нормално да управуваат со своите финансиски средства. Над 55 илјади пензионери и приматели на социјална помош остануваат без своите приходи. Следуваат неколку стотина отпуштања, и силен удар за Mакедонски пошти. Дваесетина милиони евра остануваат непокриени. Се уште нема одговор од владата и НБРМ зошто не е вклучен црвениот аларм кога веќе се знаело дека адекватноста на капиталот на банката паднал под законскиот минимум пред  уште една година, истакна Димитриеска Кочоска.

Реклама

Сите овие бројки говорат дека Владата и припреди на државата уште еден сериозен финансиски удар. Станавме единствена држава во регионот каде банка пропаѓа и каде се покачуваат сметки за струја во време на силна економска криза, додава таа.