Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Димитриеска-Кочоска: Од одредени институции има побарувања да се зголеми ставката за капитални расходи

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека привршуваат разговорите со државните институции за ребалансот на Буџетот и дека наскоро ќе биде познато од каде ќе се крати, а каде има простор за зголемување. Во интервју за една од националните телевизии, министерката верчерва открива дека одредени институции преку кои оди финансирањето на проектите во општините имаат […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека привршуваат разговорите со државните институции за ребалансот на Буџетот и дека наскоро ќе биде познато од каде ќе се крати, а каде има простор за зголемување.

Во интервју за една од националните телевизии, министерката верчерва открива дека одредени институции преку кои оди финансирањето на проектите во општините имаат побарувања за зголемување на ставката за капитални расходи. 

–  Не сме ги завршиме разговорите со сите министерства. Со затворање на тие состаноци ќе почнеме да ги разгледуваме состојбите, да видиме од каде има простор да се скрати, а каде да се дополни. Од одредени институции има побарувања да се зголеми ставката за капитални расходи. Тоа се институции преку кои оди финансирањето на проектите – посочи Димитриеска-Кочоска. 

Реклама

Отплатата на старите долгови вели дека оди согласно со проекциите во Буџетот. – Сето она што значеше да обезбедиме средства за отплата на старите долгови, сето тоа го направивме – вели Димитриеска-Кочоска. 

Во однос на јавниот долг, министерката за финансии вели дека во контиунитет се движиме околу 60 проценти и дека Владата успешно го менаџира овој дел. Смета дека зголемувањето на долгот не е страшно ако е правилно насочено затоа што секој нов долг насочен кон проект којшто ќе има додадена вредност за економијата во суштина ќе го намалува тој процент на јавен долг. 

– Како министер за финансии сум фокусирана и работам на тоа, тој што ќе ме наследи да не биде во ситуација секоја година да има огромни еврообврзници за враќање како што беше ситуацијата во овие четири години. Најголемата тежина на Министерството за финансии е што сите долгови се сконцентирани во четири години, нагласува Димитриеска-Кочоска.