Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Димитриеска-Кочоска на средба со Стопанската комора: Заедно со реалниот сектор ги констатираме актуелните состојби со цел навремено да реагираме

Неизвесностите од глобалното окружување и нивното негативно влијание врз македонската економија, тековните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неизвесностите од глобалното окружување и нивното негативно влијание врз македонската економија, тековните економски показатели и можните мерки коишто во иднина ќе треба да се преземат од страна на Владата, а се во интерес на приватниот сектор и одржување на економската активности, беа теми на состанокот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и членови на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија.

-Ова е време на неизвесност и во такви услови сите засегнати страни треба да се обединат и да дадат свој придонес во надминување на состојбата. Владата во изминатиот период даде сериозна поддршка преку обезбедување средства за инвестиции по поволни услови, како и преку транспаретната и успешна постапка за  поврат на солидарниот данок кон компаниите. Оваа Влада останува посветена во поддршката на бизнис секторот, изјавила министерката и додаде дека мора да разговараме отворено за сите предизвици за да можеме да си помогнеме, соопшти Министерството за финансии.

На состанокот било оценето дека Владата има конструктивен однос со бизнис секторот и дека мерките што досега се преземени во однос на актуелната криза се навремени и дека во наредниот период зависно од развојот на состојбата треба да се донесат таргетирани мерки.

Реклама

-Соработката со Владата ни е на високо ниво.  Изнесените ставови се заеднички проблеми на сите, а решение ќе изнајдеме ако сите партиципираме во нивното решавање. Стопанската комора ќе даде максимален придонес во надминување на состојбата и јавноста ќе ја увериме дека заеднички работиме во интерес на сите со цел да ја одржиме економијата и  за да ги надминеме овие непредвидени ситуации, изјавил Азески.

-Како еден од најважните заклучоци на средбата беше дека Стопанската комора до Министерството за финансии ќе достави предлог сет на таргетирани мерки коишто произлегуваат од потребите на реалниот сектор, а ќе бидат исклучиво во насока на надминување на предизвиците од глобалните случувања, соопшти МФ.