Реклама

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

Економија

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продолжува соработката во делот на дигитализација и модернизација на јавните финансии

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамките на пролетните средби на Меѓународниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамките на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), кои се одржуваат во Вашингтон, оствари работна средба со претставници на Трезорот на САД (U.S. Department of the Treasury), Канцеларија за техничка помош (Office of Technical Assistance – OTA).

На средбата, информираат од Кабинетот на Димитриеска-Кочоска, беше потврдена континуираната и конструктивна соработка помеѓу Министерството за финансии и Трезорот на САД, насочена кон унапредување на управувањето со јавните финансии, јакнење на капацитетите на институциите и модернизација на финансиските системи.

Како што нагласуваат, во фокус на разговорите беше напредокот во реализацијата на тековните проекти за техничка помош во областите на управување со јавниот долг, развој на пазарот на државни хартии од вредност, даночната и царинската администрација, како и зајакнување на системите за финансиски надзор и борба против финансиски криминал. Посебен акцент беше ставен на активностите поврзани со развоjот на новата платформа за аукции на државни хартии од вредност, при што беше истакната важноста од понатамошна координација со сите релевантни институции и партнерите од Трезорот на САД, со цел навремена и успешна имплементација на современо, ефикасно и транспарентно решение.

Реклама

– Техничката соработка со Трезорот на САД е клучна за модернизацијата на јавните финансии и унапредувањето на пазарите на капитал во земјата. Заеднички работиме на конкретни решенија, од нова платформа за аукции на државни хартии од вредност до зајакнување на даночната и царинската администрација, со цел поголема ефикасност, транспарентност и стабилност на системот – истакнала министерката.

Исто така, бил разгледан напредокот во реформите во даночниот и царинскиот систем, унапредувањето на управувањето со ризици, дигитализацијата на процесите, како и јакнењето на институционалните капацитети преку обуки и пренос на меѓународни добри практики.

На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на соработката, како и поддршката на реформските процеси, кои придонесуваат за поголема фискална стабилност, ефикасност на јавните финансии и економски раст.

Министерката Димитриеска-Кочоска нагласи дека стратешкото партнерство со Трезорот на САД претставува значаен поттик за унапредување на јавните финансии и институционалните капацитети во земјата.