Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Бруто домашниот производ во континуитет има раст од над 3 проценти и е најголем доказ за нашето работење

Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за една од националните телевизии, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека денес за разлика од власта на СДСМ и ДУИ се инвестира и гради насекаде, се градат училишта, патишта, се инвестира во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за една од националните телевизии, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека денес за разлика од власта на СДСМ и ДУИ се инвестира и гради насекаде, се градат училишта, патишта, се инвестира во здравството, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

-Сакам да им честитам на сите симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и да ја искористам приликата, на ветераните посебна честитка да упатам, бидејќи тие се најзаслужни за основањето на партијата особено во еден тежок период. ВМРО-ДПМНЕ во последните 36 години постојано е пред предизвици, верувам дека и во последните две години можеби одредени граѓани се разочарани, можеби има и такви коишто сметаат дека треба позабрзано да ги движиме работите, но никако не треба да го заборавиме моментот кој на 24 јуни значеше состојба на катастрофална сметка во буџетот. Или 45 милиони евра на девизна сметка, за споредба 2017 година, при промена на власта 225 милиони евра на девизна сметка. Да не зборуваме за денарската сметка, која беше во огромен минус, неисплатени субвенции и тоа од 2021 година. Во делот на капиталните инвестиции самите граѓани може да направат разлика помеѓу тоа што е денес и тоа што беше во минатото, изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека за разлика од минатото и власта на СДСМ и ДУИ денес се инвестира и се гради насекаде.

Реклама

-Денес градиме во инфраструктурата, патиштата се видливи нешто што последните седум години односно кај претходната власт немаше никакви движења. Денес имаме реконструкција на училишта, доградби на училишта имаме инвестиции во здравство. Приоритет беше стабилизирање на јавните финансии, денес нашиот слоган е ,,Македонија забрзува“, самото тоа значи дека во периодот којшто следува, уште повеќе ќе ги движиме работите и економските политики, иако економските политики се далеку подобри од минатото. Бруто домашниот производ е најголем доказ за нашето работење и покажува во континуитет раст од над 3 проценти, нагласи Димитриеска-Кочоска.