Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови

Кандидатот на  Национална алијанса за интеграција Аркин Јахиј на вториот круг од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на  Национална алијанса за интеграција Аркин Јахиј на вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница освоил 4442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски 4177 гласови, објави Државната изборна комисија на прес-конференција. Ова се првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во општина Брвеница. 

Одѕивот на гласачите е 54, 29 отсто односно на гласање излегле 8. 820 избирачи. 

Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ на прес-конференција изјави дека гласањето минало во фер и демократска атмосфера.

Реклама

Приговори за гласањето може да се поднесат до вторник. 

Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето. Приговорите може да се поднесуваат најдоцна до вторник, 3 ноември до 19 часот. ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот да донесе одлука во однос на приговорот, а против одлуката на ДИК подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на жалбата. 

ДИК конечните резултати од изборите ќе ги објави веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по завршување на нивната конечност а тоа значи 24 часа по завршување на целосната постапка по приговорите. 

– Ги очекуваме записниците од сите избирачки места и утре во текот на денот ќе закажеме седница за соопштување на првичните официјални резултати – најави Маричиќ на прес-конференцијата.