Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 53 општини, СДСМ во 8, Вреди во 8, НАИ во 7

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025.

Од досега обработени 30,68 отсто од гласовите и податоци од 1 278 Избирачки места од вкупно 3 474 кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ и СДСМ во 8 општини, Националната алијанса за интеграција во 7 и Демократската партија на Турците во една општина. 

Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ водат во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Валандово, Василево, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Кочани, Кратово, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Чашка, Чучер Сандево и Штип. 

Реклама

СДСМ и Коалицијата водат во општините Богдацни, Вевчани, Зрновци, Конче, Крива Паланка, Лозово, Центар и Чешиново Облешево.

Кандидатите од Коалицијата Вреди според досега обработените податоци водат во општините Арачиново, Боговиње, Брвеница, Дебар, Желино, Теарце, Тетово, Чаир. 

Кандидатите на НАИ водат во општините Бутел, Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница, Сарај и Струга. Кандидатот на Демократската партија на Турците води во Центар Жупа. За Шуто Оризари нема податоци.