Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Проблеми со сензорите за мерење шеќер во крвта: Наместо 14, функционираат само неколку дена

Со години чекаа да ги добијат, а откако конечно ги добија, некои од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со години чекаа да ги добијат, а откако конечно ги добија, некои од сензорите за мерење на шеќер во крвта имаат технички проблеми.

Согласно договорот за набавка на сензорите, двете компании кои што го добија тендерот мора да обезбедат 14 дневна работа на сензорите и  секојдневна техничка поддршка за корисниците. Дел од корисницте се жалат дека сензорите покажуваат проблем при функционирањето, па дури и во првите три дена од користењето, иако истите треба да бидат во функција 14 дена.

-Ние за ова веќе разговаравме и со министерот за здравство информирани се и националната комисија за дијабетес, во комуникација сме со компаниите, министертсвото се вклучува за побрзо да се надминат овие технички прашања бидејќи се од техничка природа, не се од здравствена или од производен аспект дека не знаат да го употребуваат или пак дека е лош квалитет, појаснува Диуме Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Реклама

Според информациите кои што ги имаат за сега, проблемот не бил во самите сензори, туку во процесот на преносот на информациите  меѓу читачот и сервисните бази. Компаниите кои ја вршат набавката работат на тоа да се реши овој технички проблем.

Сојузот пак работи на тоа сенозри да добијат не само младите до 18 години, трудниците и слепите лица, туку сите дијабетичари со Тип 1 дијабетес.

-Ние бараме да им се дадат сензори на сите лица со Тип 1, дури и на лица со Тип 2 им се даваат кога имаат потешки компликации , но ие бараме 2025 да има сензори за сите лица бидејќи се покрија голем дел а според бројката со која располага државата некаде околу 3000 сензори да се најдат и полека да се дистрибуиираат со ситре лица со Тип 1, појаснува Велев.

Во меѓувреме, проблемите со лентите и глукомерите се уште траат. Остануваат на ставот дека оние кои им ги обезбедува државата не се квалитетни и не се соодветни за нив. Истрајни се и во барањето дека дијабетичерите треба сами да си ги  бираат лентите и глукомери и на истите да им веруваат и да бидат современи.

Во Македонија има околу за 116 000 лица со дијабетес, од кои 45 000 се на инсулинска терапија, а 600 се деца и млади до 18 години.