Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост

На официјалната веб страница на републичкото Собрание се интегрирани напредни технологии за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На официјалната веб страница на републичкото Собрание се интегрирани напредни технологии за пристапност кои гарантираат полесна и еднаква употреба за лицата со попреченост, соопшти денеска собраниската прес-служба.

Оттаму посочуваат дека дигиталната платформа на Собранието сега нуди механизам што го олеснува пристапот за лицата со визуелни, моторни и когнитивни попречености, правејќи ги парламентарните информации поразбирливи, полесни за навигација и поблиски до граѓанинот.

– Оваа инвестиција, која е во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1  ги следи најдобрите практики на дигиталното управување и почитување на човековите права. Затоа, тоа не е само техничко подобрување, туку јасен израз на заложбата кон транспарентност, дигитализација, граѓанска вклученост и пофункционална демократија. Кога информациите се достапни, институциите стануваат поотворени и доверливи, се вели во информацијата. лв/