Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Десет фирми и должат милиони на државата – УЈП ја објави листата на должници

Речиси 12 милијарди денари брои листата на должници кон државата . УЈП…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 12 милијарди денари брои листата на должници кон државата . УЈП ја објави најновата листа за октомври која опфаќа  доспеани  долгови до   30. Јуни 2024 и неплатени до крајот на септември. На листата се наоѓаат 1976 правни лица и 3786 физички лица. Вкупниот нето долг на овие должници изнесува 11.042.537.967 денари.

Според извештајот на УЈП се забележува напредок во наплатата на даноци и придонеси иако се уште постојат значителен број  кои не си ги плаќаат обврските кон државата. Забележливо е намалување на долгот во однос на претходните податоци што е резултат на подобрување на механизмите за наплата и зголемување на свесноста за фискална дисциплина

  • „Овој износ претставува значителна сума и укажува на потребата за подобрување на платните обврски во економијата. Во вкупниот долг, нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, каде се бележи намалување од 45.943.439 денари во однос на претходната објава. Долгот за царински давачки изнесува 158.109.878 денари, што е намалување од 18.931.314 денари во однос на претходната листа“ велат од УЈП.

Она што е интересно е дека на листата се наоѓа и компанијата МР – Крмзов од Струмица  која по основ на данок на добивка должи 41 900 145 денари .  

Реклама

Истражните органи влегоја во магацините на бизнисменот Крмзов кој важи за близок на семејството на поранешниот премиер Заев  во Струмица минатиот месец и има отворен предмет во обвинителството  за оштетување на буџетот.  

Инаку, Објавувањето на листата на должници има за цел не само да ја поттикне одговорноста кај должниците, туку и да информира јавноста за статусот на долговите во државата. Од УЈП велат дека активно продолжуваат да работат на подобрување на механизмите за наплата и на зголемување на свесноста за важноста на фискалната дисциплина во општеството.