Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Денови на македонската култура во Белгија

Со свечената изведба на балетската класика „Лебедово езеро“ во Антверпен на 2…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечената изведба на балетската класика „Лебедово езеро“ во Антверпен на 2 мај беа отворени Деновите на македонската култура во Белгија – значајна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно издание пред европската публика.

Министерството за култура и туризам ја организира и поддржува оваа престижна манифестација, која претставува исклучителна можност за промоција на богатото културно наследство и современото уметничко творештво на Македонија на меѓународната сцена.

Меѓународното претставување на македонската култура и уметност, како што нагласуваат од Министерството за култура и туризам, претставува еден од врвните приоритети. Белгија, како земја со докажана и високо профилирана меѓународна публика, е само една од дестинациите на листата европски земји во кои во текот на 2026 година ќе се реализираат програмски активности за презентација на македонската уметност.

Реклама

Програмата е внимателно конципирана и опфаќа разновидни содржини од повеќе области на културата нудејќи уникатно уметничко доживување за публиката. На 2 мај 2026 година, Балетот при НУ Национална опера и балет, настапи во Антверпен со „Лебедово езеро“, при што преку врвен уметнички израз и современа сценска естетика беше афирмирана македонската балетска уметност.

Денеска, во киносалата Cinema Galeries во Брисел, ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески – остварување што ги рефлектира современата продукција и креативниот потенцијал на македонската кинематографија.

Следниот ден, на 5 мај 2026 година, НУ Оркестарот за џез -узика ќе одржи концерт во реномираниот културен центар Bozar претставувајќи динамичен спој на македонската традиционална музика и современиот џез-израз.

Во текот на 2026 година во Европскиот парламент е планирана и изложба на теракотни икони од Виница – уникатен археолошки и уметнички феномен од ранохристијанскиот период, чија презентација има исклучително значење за меѓународната афирмација на македонското културно наследство.

Манифестацијата Денови на македонската култура во Белгија претставува значајна платформа за промоција на националниот културен идентитет и продлабочување на културната соработка, при што се очекува да придонесе за зголемена видливост и позитивна презентација на државата во меѓународен контекст.