Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Денови на македонска книжевност во Истанбул

Од 18 до 20 ноември 2026 година, во организација на Македонскиот културно-информативен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 18 до 20 ноември 2026 година, во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, ќе се одржат „Деновите на македонската книжевност во Истанбул“. Во текот на три вечери, публиката ќе има можност да се запознае со наградени дела од современата македонска книжевност и со автори чие творештво ги поврзува македонската и турската книжевна сцена.

Манифестацијата ќе започне на 18 ноември во 19 часот со промоција на англиското издание на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на Струшките вечери на поезијата во 2025 година. За книгата ќе говори Диме Ратајкоски.

Како што соопшти КИЦ Истанбул, во 20 часот ќе биде прикажан краток документарен филм во продукција на „Вардар филм“, посветен на животот и творештвото на турскиот поет Фазил Хусну Дагларџа, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1974 година. Филмот ќе го претстави турската поетеса Нурдуран Думан.

Реклама

Втората книжевна вечер, со почеток во 19 часот, ќе биде посветена на Ерол Туфан, македонско-турски поет. За неговата поезија, книжевниот израз и творечкиот пат ќе говори писателот, драматург и универзитетски професор проф. д-р Венко Андоновски.

На завршната вечер на „Деновите на македонската книжевност во Истанбул“, со почеток во 19 часот, ќе бидат претставени три книги наградени од Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Публиката ќе се запознае со „Книжевни созвучја и огледала“ од Елизабета Шелева, добитничка на наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика и есеистика, и со романот „Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети, добитничка на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади. Ќе биде претставена и „Инфинитивна поука“ (Embsuame Paskajore) од Ахмет Селмани, стихозбирка на албански јазик наградена со наградата „Мост“ на ДПМ, за најдобра книга напишана во 2025 година на јазик што го зборуваат членови на заедниците во Македонија.

Во панел-разговорот за наградените дела и за актуелните текови во македонската книжевност ќе учествуваат Гордана Јовиќ-Стојковска, проф. д-р Елизабета Шелева, Хана Корнети и Ахмет Селмани. Разговорот ќе го модерира Диме Ратајкоски.

Сите вечерни настани ќе се одржат во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул.