Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“ во Охрид

Во организација на Здружението на даватели на комунални услуги денеска во Охрид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Здружението на даватели на комунални услуги денеска во Охрид ќе се одржи настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“.

Како што информираат од Здружението, настанот ги обединува претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа и меѓународни експерти, со цел отворање на клучни прашања и предизвици во комуналниот сектор.

Во рамки на настанот ќе се одржат две панел-сесии. На првиот панел на тема „Кластеризација на секторот за водни услуги – придобивки и предизвици“ ќе се дискутира за можностите за реорганизација на водниот сектор, подобрување на  инфраструктурата и координацијата на институциите, а на втората панел-сесија на тема „Дефицит на млади кадри во комуналниот сектор и позицијата на младите“, фокусот ќе биде ставен на предизвиците со недостиг на млади кадри, образованието и можностите за задржување на работната сила.