Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Денеска ќе биде објавен телефонскиот број на кој ќе се пријавуваат злоупотреби на службените возила

Телефонскиот број и меил адресата на која граѓаните ќе може да пријавуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Телефонскиот број и меил адресата на која граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреби на службените возила за приватни цели ќе биде објавен денеска од страна на владината прес-служба, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата Ивица Томовски. 

Тој во изјава, дадена во општина Гази Баба, рече дека ќе се реагира до институциите чии возила биле злоупотребени по што раководителите на тие институции ќе можат да покренат постапки против лицата кои извршиле злоупотреба согласно законските и подзаконските акти.  

– Денеска од страна на владината сужба ќе биде јавно објавен телефонскиот број и меил адреса кадешто граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреби на службените возила. Тие можат да пратат информација до Службата за општи и заеднички работи па после тоа ние да испраќаме до сите оние институции кои го направиле тој прекршок па раководителите на тие институции ќе може да пристапат со дициплински постапки или други постапки кои прозлегуваат од закониските и подзаконските норми на државата, рече Томовски, одговарајќи на новинарски прашања.