Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Ден по преговорите со премиерот, откупот на тутунот по старата шема ?!

Ден по преговорите со премиерот и од неговите ветувања дека тој лично…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ден по преговорите со премиерот и од неговите ветувања дека тој лично ќе помогне за решавање на проблемите со годинашниот откуп на тутунот, состојбата на терен, засега, генерално останува непроменета. Откупувачите и денеска си ја тераат старата шема, реагираат на социјалните мрежи револтираните тутунопроизводители, кои се помалку веруваат и дека ветеното ќе биде исполнето.

  „Утре ќе се предомисли, не верувајте му….“

  „Значи, ништо од договор, од утре уште полошо“

Реклама

  „Надежта последна умира, дали и денешниот оптимизам утре ќе го снема?!“

  „Добро, г. Заев, нели ви е срам уште да не лажете со тутунов?! Алооо, идат избори, со какво лице ќе излезете пред народот ?! Дали имате малку од малку лице?!“ – пишуваат тутунопроизводителите на социјалните мрежи.

Освен недовербата во реализацијата на вчерашните заклучоци од средбата со премиерот, кај ИО постои недоверба и кон Сојузот на земјоделски здруженија, иако и тој учествува во преговорите.

     „Сојузот на земјоделски здрженија ако си го завршеше добро својот дел од работата, денес немаше потреба да постои ИО и мачни преговори кои никој не знае дали ќе дадат резултати. Тутунари, Сојузот е тој кој дозволи да се протнат штетните договори, Сојузот е тој кој треба да се бори на пунктовите за што повисоки цени, Сојузот е тој кој располага со стотици илјади евра. Кажете, што аир видовте од Сојузот?!“– напиша на фб, Васко Јосифовски од ИО и член на преговарачкиот тим со премиерот.

Од друга страна, за ова, уште пред петанесетина дена предупредуваше и  претседателот на Сојузот на тутунски здруженија, Ванчо Коцев, кој веќе три години води институционална борба за да докаже дека тие го имаат легитимитетот и според кого Сојузот на земјоделски здруженија бил само продолжена рака на власта.

     “Во 2019 година формираа нов Сојуз на земјоделци кој нема врска со тутнопроизводството. Неговата регистрација е дејност 10-9, а нашата е 10-4 и е струково тутунско здружение. Ние имаме жалба и бараме повторно разгледување на сите документи, бидејќи позади нас стојат над 10.000 тутнопроизводители и тие не се свесни кој ги претставува сега, туку овие ги лажат…“ – ни изјави, тогаш за Алфа, Ванчо Коцев, претседател на Сојузот на здруженија на тутнопроизводители на РМ. (10.12.2020 г.)

Во легитимитетот и чесноста на Сојузот на земјоделски здруженија, подолго време се сомневаат и самите тутунари. Тие, на еден од неодамнешните протести, побараа дури и оставка од престседателот на Сојузот, Менде Стомнароски.

Каролина Дурло