Реклама

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Македонија

Демократски сојуз: Сложените геополитички и безбедносни состојби бараат единство

Денес, Централниот совет на Демократски сојуз одржа седница на која се расправаше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, Централниот совет на Демократски сојуз одржа седница на која се расправаше за геополитичките и безбедносни состојби и рефлексиите врз безбедноста, енергетската и економската стабилност на Македонија. Македонија е мирна, стабилна и безбедна држава, но влијанието на војната во Иран се одразува на енергетската и економската состојба, информира Демократскиот сојуз преку соопштение.

Ваквите состојби бараат соодветни и издржани мерки од страна на Владата, зголемена мобилност на сите институции и единство во државата, како битен предуслов за справување со предизвиците со кои се соочуваме.

Сега не е време за собирање политички поени во „матно“, како и активности кои можат да ја нарушат стабилноста на државата.

Реклама

Централниот совет на ДС донесе одлука за подготовка на Платформа согласно актуелните и стратешки потреби на Македонија, како и кадровска обнова на централно и локално ниво, избор на ново раководство на Демократски сојуз на жените, младите, како и претседатели на општинските организации на Демократскиот сојуз, до крајот на оваа година.

Кадровската обнова ќе се одвива транспарентно и со отвореност за нови, првенствено млади кадри.