Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Делото на Светите Кирил и Методиј, на пат сме да го изгубиме?!

Улогата на Светите Кирил и Методиј во промовирање на рамноправноста на јазиците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Улогата на Светите Кирил и Методиј во промовирање на рамноправноста на јазиците и народите како и борбата  против средновековните сфаќања се пример за целиот цивилизиран свет. Нивното неизбришливо дело, не ги задолжи сите словенски народи туки и воопшто христијанскиот свет.

Словенските браќа, со својата верба и упорноста што ја имаа ја исполнија својата мисија за еднаков пристап до писменост за сите. Но нивното епохално и рамноапостолско дело иако со децении останало да се празнува како еден од најголемите и најзначајните настани во историјата на човечката цивилизација, гледано од денешен аспект овде во Македонија на пат сме да го загубиме.

Мисијата на политиката да станеме членка на ЕУ која носи просперитет, не е нималку важна, но не по цена да се откажеме од нашиот јазик и идентитет. Универзитетската професорка Груевска Маџовска потсетува дека поради исполнување на политички интереси страдаат државните, но и достоинството на граѓаните.

Реклама

Европскиот пат за Македонија ќе биде невозможен доколку не се откажеме од јазикот и историјата, од овој став Бугарија не отстапува и тоа го кажува гласно и отворено.Денеска е 24 мај 2020 година, Светите браќа Кирил и Методиј во наследство ни оставија, јазик, а  го создадоа и првото писмо, азбуката и поставија правилата за пишување.

Македонија како земја членка на НАТО, со сменето  уставно име, на пат кон големото европско семејство, може сето тоа да го изгуби, оти оние што не водат не ставаат во позиција која не оди во наша полза.

Катерина Гетева