Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Македонија

Делегација од Берово во официјална посета на Кумровец

Делегација од Општина Берово, предводена од градоначалникот Петар Ружински, престојува во официјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Општина Берово, предводена од градоначалникот Петар Ружински, престојува во официјална посета на Општина Кумровец, Република Хрватска, каде присуствуваше на свечената седница по повод локалниот празник.

Во своето обраќање, градоначалникот Ружински истакна дека соработката меѓу двете општини претставува значаен мост за унапредување на пријателските односи, размена на добри практики и развивање на заеднички иницијативи од интерес на граѓаните.

-Берово и Кумровец имаат значителен потенцијал за проширување на партнерствата во повеќе области, меѓу кои културата, образованието, туризмот и локалниот развој. Продолжуваме да работиме заедно во насока на конкретни и одржливи резултати, нагласи Ружински.

Реклама

За време на престојот се спроведуваат работни состаноци и активности насочени кон продлабочување на институционалната соработка, како и планирање на идни заеднички проекти кои треба да придонесат за подобрување на локалниот развој во двете општини.