Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Делегација на Уставниот суд на Турција во посета на земјава, ќе се одржи и свечено отворање на сала за одржување седници и презентација на нова опрема

Делегација на Уставниот суд на Република Турција, предводена од претседателот Кадир Озкаја,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Уставниот суд на Република Турција, предводена од претседателот Кадир Озкаја, денеска ќе оствари официјална посета на Македонија и билатерална средба со претседателот Дарко Костадиновски и судиите на Уставниот суд на државава.

Како што информираат од Уставниот суд, во рамки на посетата, ќе се одржи свечено отворање на салата за одржување на седници, каде што ќе биде презентирана новата опрема за дигитализација на Уставниот суд, обезбедена со поддршка на Турската агенција за координација и соработка (ТИКА).

– Целта на ова технолошко опремување е унапредување на дигитализацијата и обезбедување поефикасно и потранспарентно работење на Судот. Во рамки на средбата е предвидено да се одржи конференција со следните теми: Предлог-Статутот што ќе биде предмет на разгледување и усвојување за време на Третиот годишен состанок на Форумот на уставните судови од Балканот што ќе се одржи од 13 до 16 ноември 2025 година; споделување на праксата и искуствата на двата уставни суда на темите уставно-судска контрола преку механизмот на уставна жалба, се наведува во соопштението.

Реклама

Се додава дека посетата ќе опфати и работен ручек со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. 

– Покрај официјалната агенда, делегацијата ќе учествува и во социјална програма, што вклучува посета на Меморијалниот центар „Коџаџик“ и спомен-куќата на Али Риза, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, како и на културно-историски локалитети: Старата скопска чаршија, Шарената џамија во Тетово, џамијата Али Паша во Охрид и античкиот град Хераклеа Линкестис во Битола, потенцираат од Уставниот суд.

Оттаму додаваат дека Уставниот суд во земјава започнува процес на комплетна дигитализација. 

– Со значајна поддршка во вид на донација од Турската агенција за соработка  и координација (ТИКА), Судот добива современи технолошки решенија што ќе ја зголемат ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон јавноста. Техничкото решение и целосната имплементација на инфраструктурата е на „Македонски телеком“, појаснуваат од Уставниот суд.

Како што е наведено, новите системи овозможуваат: хибридни состаноци со интегрирана аудио и видео конференциска опрема – дел од учесниците присутни во сала, а дел онлајн.

Симултан превод за сите учесници, со можност преведувачите да бидат во сала или да работат од далечина. Безбедна „cloud“ организија со повеќекратна автентикација, интерна комуникација и голем број алатки што покрај онлајн состаноци, се овозможува и чет, аудио и видео повици, заеднички проекти и колаборација. Целосна контрола на пристап. Потоа, споделување на аудио – видео содржини со сите учесници. Снимање и архивирање на сите седници и комуникации, автоматски транскрипти. Можност за „video stream” на различни социјални мрежи и сервери. Електронско гласање со целосна архива и аналитика на гласањето.

– Судот и турската Агенција бележат долгогодишна соработка изразена преку поддршка во техничка опрема за Уставниот суд, како што е донацијата на компјутери и печатачи во февруари, минатата година, истакнуваат од Уставниот суд во државава.