Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Делегација на Собранието во студиска посета на Хрватска

Делегација на Собранието на Македонија од денеска до 18 април ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието на Македонија од денеска до 18 април ќе биде во студиска посета на Република Хрватска, која е организирана од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) во рамки на проектот „Поддршка на европската интеграција на Македонија“.

Во делегацијата се потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, и пратениците Иванка Василевска, Дијана Тоска, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Саранда Стафаи-Имери, заедно со претставници од собраниската служба.

-Целта на студиската посета e запознавање со искуствата на Република Хрватска во процесот на европската интеграција, со посебен фокус на улогата на парламентот и значењето на меѓуинституционалната соработка. Преку размена на искуства, делегацијата ќе се запознае со добрите практики во усогласувањето со европското законодавство и спроведувањето на реформските процеси, соопшти собраниската прес-служба. 

Реклама

Во рамки на посетата се предвидени средби со високи претставници на хрватската Влада, Министерството за надворешни и европски работи, хрватскиот Сабор и со претставници на Европската комисија во Хрватска.

-Оваа посета претставува значаен придонес кон зајакнување на капацитетите на Собранието во процесот на европска интеграција, како и можност за унапредување на македонско-хрватската меѓупарламентарна соработка, се наведува во соопштението.