Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Делегација на Собранието на сесија на ПССЕ во Стразбур

Делегација на Собранието на Македонија од денеска до 24 април ќе учествува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието на Македонија од денеска до 24 април ќе учествува на вториот дел од редовната сесија на Парламентарното собание на Совет на Европа (ПССЕ) во Стразбур – соопшти денеска собраниската прес-служба.

Делегацијата, како што е наведнео, е предводена од заменик-претседателката Иванка Василевска, а во состав се и Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска. Обраќања ќе имаат Денис Беќировиќ, претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина, и Жан-Ноел Баро, министер за Европа и надворешни работи на Франција.

Меѓу поважните дискусии на сесијата, според информацијата, ќе бидат дебати посветени на насилството и говорот на омраза насочени кон политичарите, целосното укинување на смртната казна, како и заштитата на слободата на религија и уверување во Европа.

Реклама

– Ќе се одржи и заедничка дебата за унапредување на спроведувањето на Истанбулската конвенција, насочена кон спречување и борба против насилството врз жените. Во рамките на оваа дебата ќе придонесе и Ана Редондо, министерка за еднаквост на Шпанија, при што учесниците ќе разгледуваат начини за поттикнување на култура на согласност – соопшти Собранието на Македонија.

Дополнително, како што е наведено, ќе се одржи церемонија, на која ќе биде доделена Наградата за музеј на Советот на Европа за 2026 година на Young V&A во Лондон, посебен простор на музејот „Викторија и Алберт“ наменет за деца, млади и семејства.

– Михај Попшој, заменик-претседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Молдавија, ќе одржи презентација за работата на Комитетот на министри, извршното тело на Советот на Европа, и ќе одговара на прашања од членовите на Собранието. Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, исто така ќе одговара на прашања, а комесарот за човекови права, Мајкл О’Флаерти, ќе го претстави својот годишен извештај за активности за 2025 година – стои во соопштението.

Други точки на дневниот ред, додаваат, ќе опфатат следење на приходите од криминал, посочени од Сергеј Магнитски, справување со социјалниот дампинг и експлоатацијата на трудот, како и обезбедување ефикасно спроведување на авторските права.

Собранието треба да расправа за процедурите за избор на судии во Европскиот суд за човекови права и ќе ги разгледа своите набљудувања во врска со предвремените избори за Собранието на Косово.