Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Делчевската библиотека ќе им оддаде признание на жените кои со својата работа, хуманост и посветеност оставаат трага во заедницата

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево објави јавен повик преку кој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево објави јавен повик преку кој се повикуваат граѓаните да предложат жени од Делчево кои, според нив, заслужуваат да бидат дел од изложба на фотографии и инспиративни животни приказни.

Како што информираше директорката на библиотеката Билјана Петровска, активноста е организирана во чест на жените кои со својата работа, хуманост, храброст, талент и посветеност оставиле и сè уште оставаат значаен белег во локалната заедница.

– Во чест на жените кои со својата работа, хуманост, храброст, талент и посветеност оставиле и сè уште оставаат траен белег во нашиот град, ЈЛБ „Илинден“ – Делчево подготвува изложба на фотографии и приказни за инспиративни жени од Делчево. Ги повикуваме сите граѓани да предложат жени кои според нив заслужуваат да бидат дел од оваа изложба – жени од различни области: образование, култура, спорт, медиуми, здравство, хуманитарна работа, уметност, претприемаштво, семеен живот, активизам и секојдневни тивки предизвици што го прават нашето општество подобро и похумано, истакна Петровска.

Реклама

Предлозите треба да содржат име и презиме на личноста, како и кратко образложение зошто таа заслужува да биде дел од изложбата. Граѓаните своите предлози можат да ги испратат преку коментар или порака на фејсбук-страницата на библиотеката.

По завршувањето на јавниот повик ќе биде извршена селекција, по што ќе бидат избрани жените кои ќе станат дел од изложбата.

Од библиотеката посочуваат дека целта е да се раскажат токму оние големи, а тивки приказни на жени кои секојдневно придонесуваат за подобро и похумано општество во Делчево.