Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Делчево уредува парк во чест на Илчо Гоцевски

Делчево се сеќава и оддава почит на својот сограѓанин Илчо Гоцевски, возач…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делчево се сеќава и оддава почит на својот сограѓанин Илчо Гоцевски, возач во Итната медицинска помош во Кочани, кој утрото на 16 март беше на првата борбена линија за спас на животите на повредените млади од дискотеката „Пулс“. По 40-часовната напорна и трауматична работа, тој почина еден ден по трагедијата, на 17 март, во својот дом.

Гоцевски возел 11 пати за Клиничкот центар за Скопје и помагал и во пронаоѓање и препознавање на повредените деца. Неговата пожртвуваност е симбол на хуманоста и наша обврска да го чуваме споменот на неговото дело, како сведоштво на „херојот од нашето маало“- кој спасувал животи, а неговото име да остане запаметено како потсетник за вредностите кои ги носеше, хуманост, професионализам, пожртвуваност.

Во негова чест, на влезот на Итната медицинска помош во Делчево ќе се постави спомен-плоча, а во дворот на Здравствениот дом се подготвува парк кој ќе го носи неговото име и ќе сведочи и за идните генерации за пожртвуваноста и професионалноста во борбата да се спаси живот повеќе.  

Реклама

-Паркот е симбол на благодарност и почит кон неговата хуманост. Со подигнувањето на овој парк, Делчево испраќа порака дека вистинските херои се луѓето кои со својата добрина и професионалност оставаат траен белег во општеството. Во паркот ќе има неколку содржини, а ќе се засадат и садници и цвеќиња, а ќе биде поставена и урбана опрема, порача градоначалникот Иван Гоцевски.

Во акцијата се вклучија и ученици од основните училишта кои испратија и свои пораки за најголемата трагедија во Македонија во поновата историја во која загинаа 63 млади луѓе.