Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Делчево и Разловци се подготвуваат за јубилејното одбележување на 150-годишнината од Разловечкото востание

Разловци и Делчево ги финализираат подготвките за одбележувањето на 150 години од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разловци и Делчево ги финализираат подготвките за одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание – симболот на македонската борба за слобода. Обединети под мотото „Искра за вечна слобода“ во Делчево и Разловци ќе се организираат низа настани, во кои активно се вклучени сите фактори од културата во Делчево, од образовните институции, од општинската администрација, комуналното претпријатие, општествено одговорни фирми и граѓани и секако месното население, но и институции од национално ниво.

На денешната прес-конференција градоначалникот Иван Гоцевски истакна дека Разловци не е само историја, тоа е жива порака дека слободата се сонува, но и се освојува, дека идентитетот не се подарува, туку се брани со срце, крв и жртва.

– Разловци е место од каде што се разгорела искрата за слобода и го запишала со црвени букви во историјата – првото вооружено востание организирано со сопствени сили и средства во Предлиниденскиот период, Разловечкото востание, а на знамето на Разловечкото востание извезано во 1876 година од вредните раце на учителките Недела Петкова и ќерка ѝ Станислава Караиванова во Солун како јасен и гласен историски факт стои името Македонија – нагласи Гоцевски.

Реклама

Настаните почнуваат од денеска со распишување литературни конкурси, ќе следуваат изложби, музички настани, историски часови во училиштата, ликовна колонија во село Разловци, а по повод јубилејот, во Делчево ќе се одржи и локален базар на рачни изработки и производи во центарот на Делчево во функција на локалниот економски развој.

 – На предвидената научна трибина на 18 мај еминентни македонски историчари ќе изнесат свои научни трудови за разни аспекти на Разловечкото востание и неговите рефлексии и значење во модерен контекст. Во соработка со Генералштабот на македонската Армија во Делчево на 18 мај ќе се одржи концерт на армискиот оркестар проследен со егзирцир на Баталјонот за почести во рамките на пешадискиот состав на Армијата. Тој ден на летната сцена во Делчево го очекуваме и настапот на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, како и настап на познати македонски фолк-изведувачи – нагласи Гоцевски.

Централниот настан за одбележување на 150-годишнината од Разловечкото востание на највисоко државно ниво и почести ќе се реализира во селото Разловци на 19 мај.

Во рамките на настанот предвиден е планинарски марш „По врвиците на востаниците“, со учество на припадници на македонската Армија и полицијата, Организацијата на резервните воени старешини, планинарски клубови и други граѓани, а во рамките на централниот настан за одбележување на 150-годишнината од Разловечкото востание на 19 мај предвидени се обраќања на највисокиот државен врв од центарот на село Разловци. Тогаш, како што информираат од Општината, свечено ќе биде отворен целосно реконструираниот и опремен спомен-дом „Разловечко востание“ во селото Разловци во присуство на високи претставници на македонските институции во државата и истакнати македонски општествени дејци.

– Со голема посветеност на Националниот конзерваторски центар, на Министерството за култура и туризам, но пред сè на македонската Влада, предводена од премиерот, спомен-домот во селото Разловци го добива својот заслужен нов лик како споменик на културата на нашата држава. Во дворот на црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ на 19 мај ќе биде приреден свечен световен ручек за сите присутни гости. Селото Разловци го добива заслуженото внимание на највисоките државни институции во Македонија – истакна Гоцевски.

Разловци ќе биде домаќин на високи претставници од државата, од разни институции, уметници, гости од Општината, но и на сите добронамерници што ќе го посетат востаничкото Разловци и ќе бидат дел од свеченоста за да ја почувствуваат магијата на времето и да бидат сведоци на историјата и современоста, на спомените што ги преплетуваат индивидуалната жртва и колективната слобода, но и да го почувствуваат спојот на локалното Разловци со националното значење.

– Во оваа пригода изразувам најголема благодарност до македонската Влада и со премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за култура и туризам, Националниот конзерваторски центар Скопје, Музејот на Македонија, началникот на Генералштабот на македонската Армија и сите локални институции, но и пријатели на Делчево, кои несебично се вклучуваат и даваат поддршка за достојно одбележување на овој голем јубилеј не само за Делчево туку за целиот македонски народ. Ги поканувам сите граѓани да бидат дел од ова одбележување,- порача Гоцевски.

За сите предвидени настани во рамките на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, јавноста ќе биде редовно и детално информирана преку веб-страницата на Општина Делчево, интернет-порталите, социјалните мрежи и другите медиуми.