Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Делчево ги утврдува приоритетите на месните и урбаните заедници за 2027 година

Општина Делчево започна со подготовка на Програмата за работа на месните и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево започна со подготовка на Програмата за работа на месните и урбаните заедници за 2027 година, со цел потребите и приоритетите на граѓаните да бидат основа за планирање на локалниот развој.

Во таа насока, се одржа работен состанок со претставници на советите на месните и урбаните заедници, на кој беа разгледани предлози и иницијативи што ќе бидат вклучени во новата програма. На состанокот присуствуваше и градоначалникот Иван Гоцевски, кој истакна дека директната комуникација со претставниците на заедниците е важна за препознавање на реалните потреби на секое населено место.

Гоцевски нагласи дека целта е програмата да произлезе од конкретните барања на граѓаните, преку отворен дијалог, предлози од терен и заедничко утврдување на приоритетите на секоја населба.

Реклама

Тој посочи дека општината ќе се залага за рамномерен развој на сите делови од општината, нагласувајќи дека идеите и иницијативите на граѓаните се важни за креирањето на локалните политики и подобрувањето на условите за живот.

Со подготовката на Програмата за 2027 година, Општина Делчево продолжува со практиката на вклучување на месните и урбаните заедници во планирањето на локалниот развој, при што потребите на граѓаните ќе бидат основа за утврдување на идните активности и инвестиции.