Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Дел од Скопје со млаки радијатори – почеток на грејната сезона со различни температури по општините

Грејната сезона во Скопје официјално започна, но топлината во домовите не ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грејната сезона во Скопје официјално започна, но топлината во домовите не ја почувствуваа сите граѓани подеднакво. Дел од скопјани утрово ги дочекаа првите млаки радијатори, но кај други топлата вода воопшто не ни протекла до грејните тела.

Жители на Карпош и Капиштец реагираат дека немаат централно греење на стартот на сезоната. .. Центарци пак се задоволни, радијаторите грееле кај оние кои ги сретнавме денеска.

„Општа мизерија, како не им е срам само. Видете кај мене има сега, но тоа е многу слабо. Не сум задоволен воопшто. Живеам во Карпош 3… Па немаше да ти кажам уклучено. Во Капиштец живеам…. Не не, така ептен млако, тука во Карпош сум јас….Не се надевав дека ќе има, млакичко, но добро, синоќа немаше, но, проверив сабајле околу 7 веќе затоплено беше…. Па со оглед на времето добро беше. Но, луѓето претежно се жалат од тоа што имам слушнато….. Не, не немам парно, се греам на термо. Па добро моментално се уште е рано, но се подготвуваат, но ќе биде, секоја година е добро….

Реклама

Правилникот за снабдување со топлинска енергија налага радијаторите да грејат кога надворешната темппература е под 12 степени, а во домот треба да биде обезбедена топлина од најмалку 21 степен.

„Испораката на топлинска енергија ќе се одвива секојдневно согласно строго утврдените правила и дијаграми што зависат од атмосферските услови и надворешните температури. Според правилата, во месец октомври и првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот“, велат од ЕСМ.

Дополнителна грижа кај скопјани предизвикува и најавата од ЕСМ дека од 13 до 17 октомври е можен прекин или намалување во испораката на гас поради ремонт на регионалните гасоводи и „Турски тек“. Сепак, од компанијата уверуваат дека расположливите количини на гас ќе бидат доволни за непречена испорака на топлинска енергија, а евентуалните краткотрајни редукции нема значително да го нарушат комфорот на потрошувачите.

Од ЕСМ апелираат граѓаните да обезбедат пристап до топлинските станици и навреме да пријават евентуални дефекти. Во Скопје преку системот на компанијата се опфатени 62.600 активни корисници, кои очекуваат топлината оваа есен рамномерно да стигне во сите делови на градот.