Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Дел од Скопје цел викенд со суви чешми

Цел викенд дел од Скопје остана без вода. Иако беше најавено дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цел викенд дел од Скопје остана без вода. Иако беше најавено дека наслебите Чаир, Топанско Поле, Бутел, Железара, Автокоманда и Визбегово без капка вода ќе останат 15 часа во овие наслеби вода нема веќе два дена. Од Водовод преку соопштение најавија дека после 60 години ќе се монтира и прикличува главен вентил кој треба да го подобри водоснабдувањето за овој дел од градот. Зафатот решија да го прават за викенд кога граѓаните се дома, па тие револтирани пред камерата на Алфа реагираат дека ниту биле навремено информирани ниту градот им испрати цистерни со вода. Редици пред неколкуте маркети кои работат во недела за да си купат шишиња вода барем за пиење.

Изутрината граѓаните се израдуваа на водата која во цефките протече само половина час, па повторно секна. Од Водовод преку соопштение бараат граѓаните да бидат трпеливи и да најдат разбирање до завршување на приклучокот.

„Утрово беше постигнато нивото на редовно водоснабдување преку населено место Железара во општина Гази Баба, но поради преголема потрошувачка и повлекување од Чаир мрежата се празни пребрзо односно пред да може да се стабилизира водоводната мрежа има пад“ пишува во соопштението на ЈП Водовод и канализација

Реклама

Градоначалничката Данела Арсовска која деновиве е актуелна со ловење дивоградби во Чаир и тоа го пренесува во живо на социјалните мрежи, сега се реши за проблемот со водата да напише само статус на Фејсбук во кој ги обвини градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и неговите ботови дека лажно кревале паника во врска со водоснабдувањето. Цистерни со вода кај засегнатите граѓани не испрати повеќе од 24 часа.

„Затоа што по јавна наредба ботовите на Висар Вики Ганиу се пуштени на најјако да полемизираат на тема Водовод, не дека им мисли главата туку дека крими шефот така им рекол, да појаснам за јавноста“ пишува Данела Арсовска, градоначалник на Скопје

И покрај вчерашното соопштение на ЈП Водовод и канализација, граѓаните на социјалните мрежи се појавија со бурни реакции, велејќи дека во Кина за 24 часа се гради мост од 300 метри, а кај нас за една цевка потребна е една недела.

Давид Крстевски