Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Декемврискиот самит дојде и ќе пројде – но Македонија остана во европската чекалница

Уште еден Самит на ЕУ, уште едно разочарување за Македонија но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште еден Самит на ЕУ, уште едно разочарување за Македонија но и голем дипломатски пораз на актуелната Влада. Не можевме ниту да очекуваме нешто подобро бидејќи власта не го исполни ветувањето кон Брисел за уставни измени, на што се противеа и опозицијата и народот. Премиерот Ковачевски го прифати францускиот предлог без согласност на опозициските партии – па сега тие му се виновни, за неговиот неуспех да го испорача она на што се нафати.  

Морам да напоменам дека оваа работна посета на Брисел можеше да изгледа сосема поинаку. Можевме да дојдеме и победнички, гласно и јасно да кажеме дека ние продолжуваме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ и дека го продолжуваме нашиот евроинтеграциски пат.  Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и ЛЕВИЦА. Нека им служи на чест на овие партии и политичари, а на граѓаните да им служи на ум и сами да проценат кој за каква иднина за граѓаните и државата се бори – порача премиерот од Брисел.

Иако Ковачевски вели дека во Брисел имало позитивни дискусии за европската иднина на Македонија, јасно е дека на овој Самит, фокус ќе бидат Украина, Молдавија и Грузија. Според експертите, Западен Балкан за жал ќе биде само една приколка. Јавноста е сведок на една специфична ситуација – сме го почнале процесот на преговори, но за реален старт, сме условени со уставните измени. Поранешниот амбасадор Боцевски смета дека овој ќор-сокак се должи на францускиот предлог кој и покрај сите протести, власта го прифати без да постигне консензус.

Реклама

Донесен е предлог, договор со кој Македонија стана роб на барања на соседот, кои задираат директно во македонскиот идентитет. Токму од тие причини е и отпорот и слабиот рејтинг кој го има договорот Петков-Ковачевски.
Не очекувам ништо конкретно, никаков исчекор.Се гледа дека разговорите одат кон таа страна. Суштината на разговорите ќе биде дали Украина ќе почне преговори за членство –
вели пораншениот амбасадор Ивица Боцевски.

Според поранешниот амбасадор Ристо Никовски, Самитот ќе го потврди она што веќе се знае – дека проширување уште многу долго нема да има. Револтира тоа што, ЕУ ги гледа уставните измени како наша заложба, иако, како што вели – прифаќањето на францускиот предлог ја покажа крајната политичка неписменост.

Никакво изненадување нема да се случи, клучно во сета оваа работа е што сите наши манипулации дека за дереџето, за тунелот безизлезен е виновна опозицијата. Не е точно, тука не донесе власта, која на еден невиден, неписмен, непрофесионален начин прифати нешто што не може да го реализира, а тоа се уставните измени – вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Советот за општи работи на ЕУ, ги донесе заклучоците дека Македониај мора да ги внесе Бугарите во уставот, па дури тогаш ќе се одржи втората меѓувладина конференција. Истото се потврдува и на Самитот на ЕУ.

Главни теми на дводневниот самит се проширувањето, процесот на стабилизација и асоцијација, војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток,ревизија на повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година.