Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Дебата за Стратегијата за образование 2026-2030 на Филозофскиот факултет во Скопје

Дебата посветена на Стратегијата за образование 2026-2030 се одржала денеска на Филозофскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебата посветена на Стратегијата за образование 2026-2030 се одржала денеска на Филозофскиот факултет во Скопје, на која министерката Весна Јаневска истакнала дека во овој документ фокусот е ставен на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, како и примена на нови формули за финансирање на училиштата.

-Иста така, се предвидува и подобрување на инфраструктурата, како и оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска работа, примена на нов концепт на матура, развој и промоција на неформалното образование и нова законска регулатива во високото образование и науката, посочила Јаневска, напоменувајќи дека имплементацијата на документот ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем.

Нацрт-верзијата на Стратегијата е изработена преку широка дискусија, наведува МОН во соопштението, „со учество на бројни чинители – Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, универзитетски професори, невладиниот сектор“.

Реклама

-По објавата на ЕНЕР-системот минатиот месец и интегрирањето на дел од пристигнатите сугестии, се очекува Стратегијата да биде усвоена до крајот на јануари, соопшти Министерството за образование и наука.