Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Дебата за институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата

„Институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата во Македонија: европски перспективи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата во Македонија: европски перспективи и национални практики“ е тема на денешната сесија на Националната конвенција за Европската Унија во земјава.

НКЕУ-МК е домаќин на 7. сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавје 5 – јавни набавки, Поглавје 18 – статистика и Поглавје 32 – финансиска контрола) како дел од Кластерот 1 – фундаментални вредности од Преговарачката рамка за пристапување во Европската Унија, во организација на Европското движење.

На дебатата посебен акцент ќе се стави на потребата од ефективна институционална координација, систематска размена на податоци и воспоставување применливи механизми за следење на резултатите од антикорупциските политики, како клучен предуслов за нивна реална и одржлива имплементација. Истовремено ќе се разгледуваат и европските приоритети поврзани со финансиските истраги и конфискацијата на имот.

Реклама

Воведно обраќање во темата ќе има директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, а онлајн ќе се вклучи Лука Фортелеони, член на бордот на Италијанскиот национален орган за борба против корупцијата.

На сесијата, исто така, ќе учествува и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ и претставници на институциите, на граѓанските организации, како и на академската заедница, судии, обвинители и експерти.