Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Дебарското муфтиство избра нови членови на џамиските одбори

Во просториите на Дебарското муфтиство беше одржан работен состанок, на кој беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Дебарското муфтиство беше одржан работен состанок, на кој беше спроведена постапката за избор на новите членови на џамиските одбори, како и членовите на Муфтиството и Меџлисот на Исламската верска заедница, објави Муфтиството.

На писутните им се обратил Дебарскиот муфтијата Решат ефенди Качалнику, кој на новоизбраните членови им посакал успех.

-Состанокот помина во конструктивна и работна атмосфера, со цел унапредување на организацијата и функционирањето на верските институции во рамките на Исламската верска заедница. На крајот од состанокот свечено им беа доделени и декретите на новоизбраните мутевелии, со што официјално се заокружи целиот процес, стои во објавата.

Реклама

На состанокот присуствувале и претставниците на ИВЗ, Фејзула Садики и Мафиз Рустеми, кои со своето присуство и придонес ја поддржале постапката за избор.

Под надлежност на Дебарското муфтиство се општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуша. Има шеесеттина џамии, од нив седум се во градот.