Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Дебар во фокусот на инвестициите – 23 проекти во тек, завршен патот во Долно Косоврасти

Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи – Шаќири, денеска престојуваше во општина Дебар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи – Шаќири, денеска престојуваше во општина Дебар, во рамки на теренските посети и увид во реализацијата на инфраструктурни проекти, каде заедно со градоначалникот на општината Фисник Меља, одблизу го разгледаа напредокот на проектите што се спроведуваат во оваа општина, меѓу кои и целосната реконструкција на патот во село Долно Косоврасти. 
 
-Во рамки на посетата, беше промовирано и завршувањето на работите на локалниот пат во селото Долно Косоврасти, делница во должина од 450 метри, што се смета за важна инвестиција за жителите на областа и за олеснување и поголема безбедност во сообраќајот, информираа од општината. 
 
Според Зеколи-Шаќири преку Министерството за транспорт, за Општина Дебар, се обезбедени вкупно 23 проекти со вкупна вредност од 2,6 милиони евра.  
 
На средбата со Меља, во просториите на општината, оценето е дека овие инвестиции, ја одразуваат посветеноста на владата кон одржливиот развој на општината и кон зголемувањето на урбаната функционалност. 

Имплементацијата на инфраструктурни проекти во општините во земјата продолжува во рамки на владините повици за локална поддршка, а една од областите каде што инвестициите се интензивираа е Дебар, рекла Зеколи – Шаќири. 
 
Како што потврдуваат од општината, разговарале за текот на работите и координацијата на понатамошните чекори за завршување на тековните проекти, кои имаат за цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните, а било нагласено и дека подобрувањето на инфраструктурата придонесува и во зајакнување на богатиот туристички потенцијал на дебарскиот крај.