Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Дариус Конџи добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. ИФФК „Браќа Манаки“

Дариус Конџи е добитник на Златна камера 300 за животно дело на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дариус Конџи е добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. Интернационален фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“, што од 20 до 26 септември ќе се одржува во Битола. Оскаровецот Воли Фистер годинава во Битола ќе ја прими Специјалната камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност. Ова беше соопштено на денешната втора прес-конференција на ИФФК во пресрет на новото фестивалско издание. 

Директорот на ИФФК Димитрија Доксевски рече дека „Браќа Манаки“ е наша гордост и најави дека ќе има исклучително квалитетно издание, со квалитетна програма и доста возбудливо. Потенцира дека Воли Фистер и Дариус Конџи го потврдиле своето присуство на фестивалот, а ќе одржат и мастеркласови.

Потсети дека режисерот Семих Капланоглу е добитник на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, а Кирил Џајковски e добитник на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). 

Реклама

Доксевски информира дека мултимедијалниот македонски уметник и филмски режисер Киро Урдин специјално го изработил плакатот за фестивалот.

null

Селекторот на главната програмата на фестивалот Слаѓан Пенев информира дека на отворањето ќе биде прикажан македонскиот филм „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, кој претходно имаше премиера на програмата „Хоризонти“ на филмскиот фестивал во Венеција. На затворањето ќе биде прикажан македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски, наградуван на голем број фестивали. 

null

Марија Апчевска, селектор на интернационалната краткомрежна програма заедно со Атанас Велковски, соопшти дека годинава ќе бидат претставени 14 наслови од целиот свет, од Европа, Америка, Азија, Австралија… Ќе има филмови од Швајцарија, Турција, Сингапур, Филипини. 

– Оваа програма го слави краткиот филм како засебна форма и дозволува слобода, од аспект на камера и кинематограферски достигнувања. Како и досега во оваа програма, меѓу другите наслови ќе има и македонски филм „Нова енергија“ на режисерите Сара Климовска и Радован Петровиќ, рече Апчевска. Дополнително меѓу 14-те филмови ќе биде прикажана и нашата копродукција, филмот „Лојнес“, кој имаше премиера на годинашниов Канскиот филмски фестивал. 

Таа посочи дека дел од филмовите се со социјални теми, со авантуристички приказни. Тоа се филмови кои имале премиери на големи фестивали, биле добитници на награди, но и има и филмови на нови имиња. 

null

Кумјана Новакова, селекторка на документарната натпреварувачка програма на „Браќа Манаки“ истакна дека програмскиот концепт на оваа програма се води од неколку начела, од кои најзначајни се креативната храброст и посебноста на ликовниот филмски израз. Се обидуваме, како што рече, да се водиме и од социјалниот ангажман на филмот и од одговорноста, општествена, авторска, креативна, продукциска…

– Програмата оваа година ќе претстави осум филмови од цел свет, од Европа, од Јужна Америка, од регионот… Она што ги обединува сите филмови е што се актуелни во социјална, економска, политичка и културна смисла, рече Новакова, додавајќи дека во некои од нив има хибридни пристапи.

Сите филмови подеднакво се натпреваруваат за Железна камера 300. Меѓу осумте наслови во оваа програма се: мексиканскиот филм „Кажи збогум“, „Кога телефонот ќе заѕвони“…

null

Ханис Багашов, селектор на студентската програма, рече дека ќе бидат прикажани 16 наслови, кои претежно доаѓаат од Европа и од регионот. Ги претстави сите наслови меѓу кои се: премиера на филмот „Сенки на месечината“, „Топли води“, „Биково око“ од Србија, „Со среќа Сара“ од БиХ, „Светло месо“ од Швајцарија.