Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Данела Арсовска ја презема партијата на Оровчанец, Нова Алтернатива?!

Градоначалничката Данела Арсовска ја презема партијата на Ѓорѓи Оровчанец – Нова Алтернатива,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката Данела Арсовска ја презема партијата на Ѓорѓи Оровчанец – Нова Алтернатива, дознава „Нетпрес“. Повикувајќи се на нивните извори, Арсовска не можела да собере потписи за регистрација на нова партија. Тоа, наводно го направила со инсталирање на свој човек, како нов претседател на партијата, а ќе делува од сенка, додека формира терен за официјализирање на својата партија. Исто така, изворот на „Нетпрес“ не ја исклучува ниту можноста Нова Алтернатива да и’ е отстапена на Данела Арсовска за одредена финансиска надокнада.

Какви се плановите на партијата, дали ќе настапува на претстојните избори, ако настапува, дали тоа ќе биде самостојно или во коалиција – ова се прашања кои до сега немаат одговор, пишува „Нетпрес“. Според досегашните објавени информации во медиумите, партијата на Арсовска ќе се вика Правда, а седиштето на партијата е на локација каде што се наоѓаат фирмите на нејзиниот близок соработник Драган Митковски.

Инаку, партијата Нова Алтернатива пред извесно време и доби нов претседател, за првпат откако е формирана во 2007 година. На местото на Оровчанец е поставен Сократ Ефтимовски. Нова Алтернатива која од 2008 година е во коалицијата предводена од СДСМ, речиси и да нема никаква развиена мрежа и партиска структура.

Реклама

Дека има амбиции за нејзина партија, Арсовска објави неодамна, во телевизиско интервју, откако долг период во јавноста имаше гласини за тоа, а дури се споменуваа и лица кои би се нашле на нејзината партиска листа – дел од нејзините сегашни блиски соработници во градската власт.