Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Дали преговорите со Софија се водат по истиот терк како со Грција?

Како со Грција така и со Бугарија. Таинственоста на македонските власти во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како со Грција така и со Бугарија. Таинственоста на македонските власти во однос на преговорите со источниот сосед, се повеќе наликуваат на оние со јужниот, каде Република Македонија си ја залепи кованицата Северна. Премиерот Димитар Ковачевски не открива ништо конкретно за прашањата кои будат голем интерес кај граѓаните. Запрашан за преговорите, наместо одговор за историските и идентитетски прашања кои се преговараат со источниот сосед, премиерот говореше за работата на другите работни групи.

Веќе работат работни групи со видливи резултати во делот на економијата, во делот на инфраструктурата, во делот на образованието, културата и во делот на европските интеграции. Ние веќе имаме врз основа на работата на тие групи потпишано голем број меморандуми, имаме и конретни чекори направени како на пример потпишувањето на транспортните квоти за транспортерите низ Бугарија, на пример од Република Турција до Република Македонија, рече Ковачевски.

Истиот начин на комуникација со јавноста во преговорите со Грција го имаше и поранешниот премиер Зоран Заев. За разговорите со Алексис Ципрас не се откриваше ништо се до промената на името, освен пробниот балон со Илинденска Македонија.

Реклама

Република Илинденска Македонија е името за кое е можен компромис со Грција, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Република Илиндитасе е Мачедонис. Република Илинденска Македонија е име со кое го зајакнуваме темелот на нашата републик, изјави Заев.

Сепак овој предлог со кој се фалеше Заев, не беше прифатлив за Грција, па на крајот ја добивме.

Да живее Република Македонија, да живее Република Северна Македонија, велеше Заев.

Единствено што сега слушаме од Владата е дека немало да се чепне во националните интереси на Македонија и Македонците. Но, се поставува прашањето дали можеме да веруваме ако се знае дека ветувано беше и дека нема да се промени името на државата.

Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија да излезе пред Парламент да бара промена на устав, заради промена на уставното име, исто така изјави Заев во минатото.

Дури велеше и дека не постои човек кој би дозволил промена на според Заев одличниот Устав.

А, што се однесува до уставот гарантирам одличен устав имаме, европски устав. Уставот нема да дозволам никој да го смени, уставот ќе се почитува, уставот ќе се спроведува, нема менување на уставот. Бидете спокојни, изјави Заев.

Ветувањата дадени во минатото веќе беа прекршени, Македонија стана Северна, а променет беше и Уставот. Сега покрај молкот има ветувања дека нема да се чепка во македонскиот идентитет, па останува да видиме дали сега власта ќе остане на дадениот збор.

Матеја Петровски