Реклама

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Македонија

Дали ќе има олабавување на мерките и скратување на полицискиот час?

Кога ќе се отворат рестораните, кафулињата, трговските центри и како тие ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога ќе се отворат рестораните, кафулињата, трговските центри и како тие ќе функционираат властите ќе разговараат утре. Од Владата информираат дека е закажана седница на која ќе се разгледува олабавувањето на рестриктивните мерки. Се очекува да се разговара и за кратење или укинување на полицискиот час. Министерот за здравство, Венко Филипче пак вели ќе се следи ситуацијата неделава, за од следната недела да почнат да се олабавуваат мерките. Точно како ќе изгледа тоа , не објасни.

Неофицијално дознаваме дека се размислува за викенд полицискиот час да почнува од 19 часот.

Со олабавување на мерките се очекува да се вратат на работа и оние кои подолг период беа ослободени од работните обврски или пак работеа од дома. Она што ги загрижува родителите е како ќе се спроведува тоа, со оглед на фактот што донесена е одлука учениците да не се враќаат во училиште, а не се знае ниту дали ќе се отворат градинките. Неизвесно е дали ќе остане на сила мерката  согласно која родителите кои имаат деца под 10 години се ослободени од работа.

Реклама

Инаку, земјите од соседството веќе ги олабавија мерките. Србија во четврток ќе ја укине вонредната состојба и полицискиот час. Ги отвора и границите и аеродромите. Останува на сила носењето заштитни маски.

Со целосно укинување на забраната за движење за граѓаните и отворање на дел од продавниците, Грција од шест часот утрово, по 42 дена излегува  од карантин.  Носењето маска е задолжително во зависност од местото на движење.

Од друга страна големите земји како Франција и Јапонија не се откажуваат од рестрикциите. Официјален Париз мерките ги продолжи до јули, а Јапонија до крај на мај.

Адријана Алексиеска