Реклама
Прилози

Дабиќ за Алфа: Пораката на Калас може да е голема победа на македонската дипломатија, мислам дека нешто почна да се движи

Најавата дека може да се бара план Б за проблемот на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавата дека може да се бара план Б за проблемот на Македонија со Бугарија покажува дека Европската Унија почна да покажува интерес за државава, сметаат познавачите. Пораката на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, дека доколку нема договор меѓу Скопје и Софија, можеби ќе се бараат други механизми за старт на преговори, според дипломатот Зоран Дабиќ покажува дека ЕУ конечно покажува интерес за проблемите меѓу Македонија и Бугарија. 

-Ова е навистина прв пат барем колку што јас знам дека Европската Унија почнува да покажува интерес за нашиот проблем со Бугарија, за нашата блокада и сака веќе на некој начин и да се вклучи. Пораката е јас мислам една мала победа, можеби и голема за македонската дипломатија, ќе видиме што ќе следи, меѓутоа мислам дека е еден исчекор напред, изјави Дабиќ. 

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека е подготвен да седне на маса со бугарските колеги, со цел да се презентираат аргументите кои ги имаат двете страни во овој билатерален спор. Според Дабиќ добро е што конечно властите во Македонија покажуваат на еден начин заби во однос на источниот сосед, нешто што не било случај во минатото.

Реклама

-Кога вчера ја слушнав изјавата на премиерот Мицкоски, прва мисла што ми падна на памет „eppur si muove“ која Галилео ја изрече на неговото судење за поддржувањето на ставовите на неговиот претходник Коперник, дека земјата се движи. Сакам да кажам мислам дека нешто почна да се движи. Стратегијата на Владата за интергритет и подготвеност да да ги изложи своите аргументи на малку поагресивен начин мислам дека почнуваат да резултат, изјави Дабиќ.

Каја Калас од Скопје порача дека местото на Македонија е во Европската Унија, бидејќи сме покажале значителни разултати во реформскиот процес. Поркај тоа кажа и дека интеграцијата на целиот Западен Балкан во ЕУ е од голема важност за безбедноста на цела Европа.

Матеја Петровски