Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Дабиќ за Алфа: Новиот дипломатски пристап кон Бугарија на Владата и Мицкоски нуди посигурна европска иднина за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да разговара со новиот бугарски премиер Росен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да разговара со новиот бугарски премиер Росен Жељасков, но Македонија има црвени линии од кои нема поместување. Според познавачите, државава конечно нуди долгорочни решенија, кои ќе гарантираат дека во иднина билатералните проблеми, конечно нема да ни бидат пречка на европскиот пат. Дипломатот Зоран Бабиќ за Алфа вели дека новиот пристап на македонската власт е позитивна промена за разлика од претходно, бидејќи само на рамноправни основи во било какви преговори може да има напредок во односите меѓу Македонија и Бугарија.

-Дистрибутивниот пристап на Бугарија не нуди долгорочни решенија, тоа нуди решенија помалку или подолго меѓутоа со лимитирано важење, бидејќи едната страна нели не е задоволна и тоа ќе тлее и ќе доведе до нови ситуации кои не се сакани и проблеми. Интегрираниот тек на преговори како што ние се обидуваме да ги наметнеме навистина води и треба да води кон една поширока слика, кон едно зближување на народите од двете држави, но на рамноправни основи, изјави Дабиќ.

Токму поради погрешниот пристап и прифатените отстапки минативе три децении Македонија се доведе до оваа состојба, односно поради условувања од соседите добиваме блокади на европскиот пат. Според Дабиќ токму тоа се грешките кои биле направени од нашата независност, а од кои лекција научила сегашната владина гарнитура. Вели тајмингот и динамиката во преговорите значат некогаш најмногу во дипломатијата, а ние на тоа поле сме биле лоши во минатото.

Реклама

-Во раните 90-ти значи пред 30 години Македонија во желба да ги задоволи барањата на соседите најпврив го смени знамето, потоа го смени Уставот со одредби дека нема да се меша во внатрешните работи на соседните земји. И трето, јас мислам најголемите концеција што ја дадовме е таа што прифативме да разговараме за нашето име, изјави Дабиќ.

Според Дабиќ доказ за промената во македонската дипломатија е и работната посета на премиерот Мицкоски и владината делегација на САД, каде што беа остварени низа средби со блиски соработници на администрацијата на новиот претседател на САД.

-Ова е нешто што мислам дека досега не е сторено. Нашата дипломатија пенетрира во телото кое без разлика дали утре ќе биде оваа институција или онаа, но ќе биде околу претседателот Трамп. И тука не можам да видам ништо лошо, туку напротив можам да видам дека се подготвува терен за едно американско внимание кон нас, изјави Дабиќ.

Според познавачите последниве години понизноста беше заштитен знак на македонските власти во дипломатските односи. Сметаат дека добро е што состојбата конечно се менува и Македонија јасно ги кажува своите ставови во заштитата на националните интереси и градењето на сигурен пат во евроинтеграциите.

Матеја Петровски