Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Д-р Захариев: Штипската болница во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени од пожарот во Кочани

Клиничка болница Штип, како најголема регионална болница во источниот дел од државата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничка болница Штип, како најголема регионална болница во источниот дел од државата, го презеде првиот удар по трагедијата во Кочани и во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени, изјави директорот на болницата Влатко Захариев на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“.

Захариев истакна дека во првите 60 до 70 минути во болницата пристигнале околу 40 пациенти со изгореници, по што итно бил мобилизиран персоналот. На повикот за помош, тој истакна дека се одзвале околу 90 до 100 вработени, меѓу кои лекари, медицински сестри, анестезиолози, фармацевти, болничари и друг персонал. Во првиот час, како што рече, биле формирани околу десет тимови кои што вршеле првична тријажа, поставување венска линија, инфузија, аналгетска и антибиотска терапија и преврска. Пациентите потоа биле подготвувани за транспорт во координација со другите здравствени установи.

За околу 45 минути од првиот прием, Захариев посочи дека почнал транспортот кон терцијарното здравство во Скопје, истакнувајќи дека првично биле испраќани полесните пациенти, со цел скопските болници да не бидат веднаш изложени на целосниот удар, додека потешките и критични случаи биле стабилизирани и потоа етапно транспортирани.

Реклама

– Морам да се заблагодарам и на директорите на регионалните здравствени установи од целиот исток, сите се јавија, и несебично го упатија својот персонал во Клиничка болница Штип, а исто така и транспортните возила, брзата помош,  беа најбрзо што можеа во болницата. Така, за околу 45 минути од првиот прием веќе почна транспортот кон вас, трициерно здравство и „Мајка Тереза“. Како што приметувавте, прво беа полесните пациенти, тоа беше наша одлука за да го спречиме тоа плато да не бидете вие директно на удар, туку прво да ги згрижиме полесните пациенти за потоа кога ќе ги стабилизираме потешките пациенти и критичните, да ви ги праќаме етапно за да може да ги згрижувате како што треба. Мислам дека и таа стратегија допринесе да немаме друг изгубен живот – истакна Захариев. 

Во штипската болница, до 8 часот, како што рече, биле евидентирани 49 болнички приеми на пациенти со средно тешка и тешка клиничка слика. До 15 часот во болницата останале околу 30 стабилизирани пациенти, а по натамошна координација со скопските клиники, до 22 часот повеќе немало повредени задржани во болницата.

Захариев оцени дека добрата координација и тријажа придонеле да не се изгуби ниту еден дополнителен живот и изрази благодарност до директорите на регионалните здравствени установи од источниот дел на државата, кои, како што рече, несебично испратиле персонал и транспортни возила за помош.