Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Д-р Кузмановска: Кога медицината е немоќна, човечноста може да спаси живот

Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација – порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација – порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“  

Проф.д-р Кузмановска се заблагодарува на сите досегашни органодарители, кои спасиле многу животи и ја поттикнува јавноста да размисли за ова хумано, човечно дело, така што по смртта на своите блиски или по својата смрт да дарува органи, коишто, потенцира, значат живот, спас за луѓе кои секој ден го чекаат повикот, да добијат нова шанса за живот. 

Во рамки на националната кампања, утре на Медицинскиот факултет во Скопје, со почеток во 15 часот, ќе се одржи и трибината „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, на која ќе учествуваат претставници на Владата, здравствените институции, трансплантациските тимови, граѓански организации, студенти и здравствени работници. Целта на овој настан е темата за органодарителството да стане дел од отворен, информиран и одговорен јавен разговор.

Реклама

– Нашата задача е да ја замениме недовербата со знаење, стравот со информираност и неизвесноста со јасно изразена лична волја. Зад секоја согласност стои нова шанса за живот – истакнува по пишана изјава министерот за здравство, Азир Алиу.