Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ЦУК: Во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките, како и одредени излевања

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките, како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што посочуваат во Битолски регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.

Преспански регион: Излевање на реки во село Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи. Постои опасност од излевање на Голема Река.

Реклама

Струмички регион: Нема пријавени штети, регистрирани се одрони на патниот правец Струмица–Валандово.

Скопски регион: Зголемено нивото на речните корита, но засега без излевања на водотеците од нивните корита.

Велешки регион: Одрони и паднато дрво на два патни правци. Реката Вардар е на многу висок водостој со можност за излевање кај автобуската станица.

Штипски регион: Нема пријавени проблеми.

Охридски регион: Значително покачени водостоите на реките, излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.

Кумановски регион: Нема излевања во Куманово и Липково;,се расчистуваат наноси кај село Коинце.

Кратовски регион: Зголемени водостоји, но без штети. Исчистен е одрон на патниот правец Страцин–Пробиштип.

Тетовски регион: Нема пријавени штети, водостоите се зголемени, но без излевања.

-Од УХМР информираат дека денес се очекува променливо облачно време со локални обилни врнежи, можни грмежи и силен јужен ветер над 60 km/h. Температури од 13 до 19 °C; во Скопскиот регион до 17 °C.

Најмногу врнежи се измерени во Претор (66 l/m²), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26).
Забележан е висок водостој на реката Сатеска во Охридскиот регион, со препорака за зголемено внимание, велат од ЦУК.

Сите надлежни институции,како што посочуваат, се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата.

-Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112 во ЦУК, посочува директорот на ЦУК Мухамед Али.