Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Црвениот крст организира настан за промоција на првата помош и значењето на навремената реакција при итни ситуации

По повод 17 март – Денот на формирањето на Црвен крст на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 17 март – Денот на формирањето на Црвен крст на Македонија и Денот на крводарителството во Македонија, денеска во Скопје се организира настан посветен на промоцијата на првата помош по мотото „Култура на безбедност – здрава заедница“.

Како што информираат од Црвен крст, на настанот денеска од 11:00 до 13:00 часот на Плоштадот „Македонија“ ќе бидат поставени едукативните пунктови на кои ќе бидат претставени симулации на прва помош со различни сценарија, ќе биде демонстрирана првата помош од обучени волонтери и животоспасители, како и обучени кадри од МВР и АРМ, а претставен ќе биде и Интервентниот тим на ЦКРСМ.

-Првата помош претставува клучен елемент за спасување живот и создавање побезбедна и поотпорна заедница. Преку курсеви, едукативни кампањи и јавни настани, Црвениот крст континуирано работи на едукација на населението и подигање на јавната свест за важноста од навремена и соодветна реакција во итни ситуации, посочуваат од Црвен крст.

Реклама

На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој ќе ја прими јубилејната плакета за Град Скопје која ја доделуваат Црвен крст по повод 80 години функционирање на организацијата. Ќе бидат присутни и претставници на Министерство за внатрешни работи и Министерство за одбрана, гости, партнери, волонтери, пријатели и поддржувачи.

Со ваквите активности, Црвениот крст придонесува кон создавање побезбедни, поздрави и поотпорни заедници, во кои секој граѓанин може да биде подготвен да помогне.